• На путер кусо пропржете исечкан кромид и згмечен лук. Налејте еден литар вода,додадете компири исечени на поголеми парчиња,кора од лимон и вегета. Гответе околу 15 минути додека компирите не омекнат. Оставете да се излади,а потоа сето тоа изматете го во електричен миксер.Вратете ја супата во сад и кусо гответе, потоа додадете го замрзнатиот спанаќ и остатокот од водата. Малку посолете и гответе усте околу 10 минути. На крај изматете ја слатката павлака и послузете со фета сирење. Совет: За оваа супа можете да да користите и свеж спанаќ. Во тој случај спанаќот крупно исечкајте го, кусо проварете го, исцедете го и изматете го во електричен миксер, а потоа додадете го во изматените компири.(за 6 лица)

    30 гр путер
    150 гр кромид
    2 чешниња лук
    1 лажичка рендана кора од лимон
    450 гр смрзнат спанаќ
    1 кг компир
    1,6 л вода
    1 лажица бегета
    150 гр фета сирење
    150 мл слатка павлака

    Време на подготовка: 30 минути.

(Visited 182 times, 1 visits today)