Пица од лепчиња
Потребни состојки:
– 4 кришки леб
– 2 лажици крем сир
– 4 парчиња пилешки гради
– Листови спанаќ
– Кашкавал
– Оригано
Подготовка:
Парчињата леб премачкајте ги со крем сирот. Ставете ги парчињата пилешки гради, па листовите спанаќ, кашкавал и посипете со оригано. Печете ги во рерна на 200 степени, додека не почне кашкавалот да се растопува.
(Visited 156 times, 1 visits today)