Алуминиумска фолија лек за болките во грбот, вратот, зглобовите…
Ако чувствувате болки во грбот и рамената, колената или на друго место од телото, ставете алуминиумска фолија на болното место и наводно, по одредено време болката ќе исчезне.
Според руските и кинеските исцелители, биопотоците кои минуваат низ нашиот организам во биолошка активна точка, се одразуваат и се враќаат назад на меридијанот од каде што излегуваат. Ова многу благотворно дејствува врз болните органи, со кои што овој меридијан е поврзан. На овој начин лесно се отстрануваат болките.
Како лекува алуминиумската фолија?
Обично се зема алуминиумска фолија и се става на болното место како завој. Третманот може да се применува за сите видови на болки на грбот, рацете, нозете, зглобовите, кај ревматодоидниот артритис и др.
На ист начин се лекуваат и постоперативните лузни, со тоа што фолијата се става на местото на хируршката трага.
Кинеската терапија за лекување со фолија се препорачува од 10-12 дена. Секој ден треба да лепите парче фолија на болното место и да ја држите цел ден или цела ноќ. Потоа направете пауза од една до две недели и по потреба повторете го третманот.