Колку килограми ќе ослабете доколку го исфлите лебот од вашите оброци
Експертите објаснуваат дали избегнувањето на леб може драстично да влијае на вашата моментална тежина. Но, дали е навистина вредно одрекнувањето од ова меко парче рај во вашата уста?
Лебот може да ви обезбеди хранливи материи како што се витамин Б и железо. Сепак, доколку го јадете во големи количини, ќе внесете многу калории и веројатно ќе добиете некој килограм повеќе.
Ако се прашувате колку би можеле да ослабете доколку почнете да го избегнувате лебот, одговорот е дека тоа зависи од тоа колку леб јадете.
Ако елиминирањето на леб подразбира само избегнување тост за појадок, немојте да очекувате драстични промени во тежината. Но, ако избегнувањето на леб води кон значајна редукција на калориите во секојдневната исхрана, тогаш ќе изгубите повеќе килограми.
Калории во лебот
Иако лебот не е многу богат со калории, доколку го јадете со секој оброк, тогаш значително ќе го зголемите внесот на калории.
За да знаете колку можете да ослабете со избегнување на лебот, мора од прилика да знаете колку калории дневно внесувате со конзумирање на леб.
Белиот леб содржи 266 калории на 100 грама или 80 калории по парче од 30 грама, додека интегралниот леб содржи 247 калории, а парче леб од 30 грама содржи 74 калории.
Умерено губење на калориите
„Доколку го намалите внесувањето на калории за 100 до 500 калории дневно, а покрај тоа сте и физички активни 30 до 60 минути, тоа е добар начин за да го изгубите вишокот на килограми“, порачуваат нутриционистите др. Алан Тиченал и Џоани Добс од Универзитетот на Хаваи.
Доколку вообичаено јадете парче леб за појадок, англиски мафини за ужина, сомун за ручек и уште едно арче леб за вечера, имајте на ум дека само со конзумирањето на леб од прилика внесувате 454 калории дневно, односно 3.178 неделно.
Ако сакате да ослабете половина килограм неделно, потребен ви е дефицит на калориите од околу 3.500 калории, па ако моменталниот внес на калории е доволен за да ја одржувате тежината, редукцијата на 3.178 калории неделно може да ви помогне да изгубите половина килограм речиси секоја недела.
Дали вреди?
Ова е прашање кое себе си ќе си го постави секој вистински љубител на лебот – дали некој килограм помалку е вреден за исфрлање на лебот од исхраната?
Да ја разрешиме мистеријата – Да, вредно е! Ќе се чувствувате многу подобро и ќе можете да јадете многу други работи.